Вила Stone Tree
Македонија ,
Љубаништа
Содржини на објект

Паркинг

Wi-Fi интернет

Двор

Клима уред

Скара

ТВ

Кујна
.png)
Тоалет

Фрижидер
.png)
Бања

Чист воздух
Опис на објект
Вила Stone Tree се наоѓа во село Љубаништа, на мирна локација. Во близина е плажата и камп Љубаништа (2,5 км), манастирот Св. Наум (3 км) и Галичица (5 км). Во околината има можност за јавање коњи, авантуристички парк, тури со АТВ мотори, параглајдинг и слични активности.
Располага со 4 спални соби, 1 купатило и голема тераса со поглед на езеро, како и посебна дневна соба и посебна кујна со трпезарија, 1 купатило и тераса (двор) на приземје.
Има 2 брачни кревети (160х200), 4 единечни кревети (90х200) и гарнитура на пуштање во дневна. Сите душеци на креветите се нови и високо-квалитетни.
Капацитет: 8-10 лица
Кујната е целосно опремена со стандардни елементи (шпорет, фрижидер, како и целосен прибор за јадење). Во дворот може да се користи и скара на жар.
Вилата има Wi-Fi интернет, телевизор и клима-уред. Паркирањето е слободно околу куќата.
Вилата се издава преку цела година. Загревањето во поладните месеци е на струја со панелни греалки и клима.
Check in: 14:00 часот
Check out: 10:00 часот
Клучот се подига во договор со сопственикот.
Цена: 120-180 евра/ноќ, во зависност од периодот и број на лица.