
Сакате да дознаете повеќе за нас?
Што е Ајде на одмор?
www.ajdenaodmor.mk е веб-сервис за агрегирање и букирање на понудите на македонските туристички агенции на едно место. Нашата цел е да им овозможиме на корисниците да го пронајдат и букираат аранжманот кој најмногу одговара на нивните потреби и можности, на лесен, брз и едноставен начин.
Придобивки за корисниците на Ајде на одмор
Преку Ајде на одмор, корисниците можат да дојдат до сите посакувани информации и лесно да направат споредба на сите достапни туристички аранжмани, наместо да трошат време и енергија, посетувајќи ги туристичките агенции или разгледувајќи ги нивните обемни брошури и веб- страни. Откако ќе го одберат посакуваниот аранжман, истиот можат да го букираат онлајн со платежна картичка, во секое време од денот. На овој начин, патниците ги разгледуваат само аранжманите за кои има слободни места и навремено можат да го обезбедат своето место. Така тие не трошат време во барање слободни места, ги избегнуваат големите сезонски гужви и не зависат од работното време на туристичките агенции.
Придобивки за туристичките агенции од Ајде на одмор
Овој медиум е најевтин комуникациски посредник помеѓу агенциите и нивните корисници на
услуги. Со помош од Ајде на одмор, агенциите на најдобар можен начин можат да се истакнат со
нивната уникатна понуда. Публиката на Ајде на одмор е 100% таргетирана, тука посетителите
доаѓаат само за да ги разгледаат и букираат активните туристички понуди или пак да прочитаат
разни совети за патување и да дознаат за атрактивните туристички места ширум светот.
Ајде на одмор не нуди сопствени туристички аранжмани, туку само го олеснува пласирањето и
букирањето на постојните туристички аранжмани на агенциите. Нашата мисија е да ги собереме
сите македонски туристички агенции на едно место, да ја поттикнеме желбата кај луѓето за
разновидни патувања и пред сѐ, да им понудиме сервис преку кој за само неколку минути ќе го
одберат и букираат своето следно патување.