Ве молиме изберете ги задолжителните параметри за да можете да ја прегледате понудата
- - Мора да изберете датум за сместување и заминување.
Голден Бич
Грција ,
Ситонија ,
Метаморфозис
Опис на објект
Хотел Голден Бич е лоциран во центарот и на 20 метри од песочната плажата во Метаморфозис.
Од едната страна е опколен со борова шума, а од другата страна со море што го прави овој комплекс совршен склоп за релаксирање и одмор.
Хотелот располага со 47 соби:
- 3-креветни „Economy“ соби кои се наоѓаат на приземје и немаат поглед кон море (брачен + eдинечен кревет)
- 3-креветни „Standard“ соби кои се наоѓаат на кат и имаат страничен или директен поглед кон море (брачен + единечен кревет)
- 4-креветни „Family Standard“ соби кои се наоѓаат на спрат со поглед на море или базен (брачен + 2 единечни кревети во иста соба)
- 4-креветни „Family Suite“ соби кои се со страничен или директен поглед кон море (брачен + 2 единечни кревети во различна соба)
Секоја соба има балкон и е опремена со фрижидер, клима уред (вклучен во цената), Wi-Fi интернет, телевизор и тоалет.
Хотелот има главен ресторан, бар, базен со чадори и лежалки на базенот (бесплатни за гостите), детско катче и сопствена плажа со бич бар кој е со доплата.
Лежалките на плажата се со конзумација.
Хотелот е на услуга полупансион на база на шведска маса:
- Појадок, 08:00-10:00 часот
- Вечера, 18:30-21:00 часот
Содржини на објект

Рецепција

Wi-Fi интернет

Ресторан

Базен

Приватна плажа и лежалки

Клима уред

Бар

Лифт

Содржини за деца