Лина
Грција ,
Ситонија ,
Метаморфозис
Опис на објект
Метаморфозис е место целосно опкружено со густа иглолисна шума, која заедно со морето претставува вистинска воздушна бања.
Главната декорација е централниот парк, а плажата е песочна и долга.
Во гратчето има десетина таверни и ресторани, неколку добро снабдени супермаркети и продавници, рибен пазар, пекарница, агенција за изнајмување на автомобили и сл.
Вила Лина се наоѓа на прва линија во центарот и на 50 метри од песочната плажа.
Располага со студија и апартмани со големи тераси од кои поголемиот дел имаат директен и страничен поглед кон морето и прекрасниот парк.
Комплетно е реновирана и опремена со кујна, купатило, фен, телевизор, Wi-Fi интернет и клима (бесплатно користење).
Содржини на објект
Wi-Fi интернет
Клима уред
Опис на Аранжман
Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.
Напомена:
- Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, односно исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата.
- Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
- Единствено, над бројот на кревети е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години. (не користи легло).
- Туристичка такса е 0,5€ на ден по апартман и се плаќа на лице место.
- Сместувањето во собите е после 14:00 часот локално време, а напуштањето на собите е до 09:00 часот локално време.
- Агенцијата не превзема одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во капацитетите.
Превоз:
- Превозот со автобус се извршува до туристичката дестинација, до влезот на вила Лина.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање до објектот.
- Агенцијата, распоредот на седење во автобусот го прави 2 дена пред датумот на поаѓање.
- Кога патникот уплаќа превоз, тоа значи дека има обезбедено седиште во превозното средство, а доколку сака да резервира одредено седиште, тоа може да го направи со доплата од 10€ по лице.
- Првиот ред на седишта е резервиран за персоналот.
- Цената на превозот на релација Скопје – Халкидики – Скопје изнесува:
- Возрасни: 45€
- Деца од 2 до 12 години: 35€
- Деца до 2 години: БЕСПЛАТНО (не користи седиште во автобус)
Попусти:
- За уплатени два аранжмана 7+7 ноќевања одобруваме вкупен попуст од 5%.
- Различните попусти не се комбинираат, односно не се одобрува попуст на веќе одобрен попуст по друга основа.
- Промотивните цени не подлежат на никакви попусти и за нив цената не се намалува доколку клиентите користат сопствен превоз.
- Попустите за рана резервација не се комбинираат со останатите попусти.
Попусти за рана уплата:
- Попустот за рана уплата од 10% важи до 01.03.2023.
- За резервација е потребен минимум 50€ неповратен аванс, остатокот од сумата треба да биде доплатен најдоцна до 15.03.2023.
Резервации и плаќање:
- За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 14 дена пред започнување на аранжманот
Достапни простории
Нема достапни простории за вашето пребарување.
Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.