Iguana
Грција ,
Касандра ,
Неа Плагија
Опис на објект
Вила Игуана е лоцирана во најубавиот дел на Неа Плагија во прва линија на море.Оддалечена е само 50 метри од плажа, а од неа ја дели прекрасен мал парк со зеленило.
До вилата има слободно место за паркинг.
Располага со 3-креветни студија и 4-креветни апартмани со поглед кон улицата или со директен, отворен поглед на море. Собите се целосно модерно и квалитетно реновирарни пред летото 2019 година со комплетно опремени кујни, телевизор и сопствен тоалет.
Интернетот и климата се вклучени во цената. Во собите нема пешкири.
Содржини на објект

Паркинг

Wi-Fi интернет

Клима уред
Опис на Аранжман
Цените се објавени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања со вклучен превоз.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.
Напомени и услови:
За патниците кои нема да користат организиран превоз, од цената се одбива 20€ од целосната-вкупната сума.
- Задолжитено плаќаат најмалку 3 лица.
- Цената за автобуски превоз изнесува:
- За возрасни - 3.100 денари (50€)
- За деца до 11,99 години - 2.480 денари (40€)
- Термините се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
- За патниците кои користат организиран превоз тргнувањето од Скопје е во 3:00 часот на паркингот спроти хотел Холидеј Ин, а состанок на групата е во 2:30 часот.
- Агенцијата – организатор на патувањето го задржува правото за промена на времето и местото на тргнување, ве молиме минимум 24 часа пред секое тргнување да се информирате за потврда на времето и местото.
- Патничкото – здравствено осигурување кое е задолжителном, не е вклучено во цената на аранжманот.
- Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
- Клиентите кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разликата во цена.
- Сместување во собите е од 14:00-15:00 часот, а напуштање на истите е најдоцна до 9.00 часот по локално време.
- За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти. По завршувањето на вашиот престој должни сте да ја оставите истата во чиста состојба.
- Во случај на причинета материјална штета за време на престојот, корисникот на собата ја надоместува штетата на сопственикот на лице место.
- Туристичката такса се плаќа на лице место кај претставникот на агенцијата или пак на сопствениците на објектите, истата изнесува 0,5€ на ден по студио/ апартман.
- Цените објавени во табелите се конечни, без скриени – дополнителни трошоци.
- Агенцијата не може и нема да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда
- Во цената на аранжманот каде што е вклучено користење на клима уред, сопственикот има право да реагира и да ја скрати оваа услуга доколку го оставате клима уредот вклучен додека сте надвор од собата.
- Секој патник има обврска да води грижа за важноста на патните исправи и задолжително да обезбеди патничко – здравствено осигурување. Недостаток на истите не е одговорност на вработените во Агенцијата и на самата агенција.
Достапни простории
Нема достапни простории за вашето пребарување.
Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.