Ве молиме изберете ги задолжителните параметри за да можете да ја прегледате понудата
- - Мора да изберете барем 1 возрасен.
- - Мора да изберете датум за сместување и заминување.
Вила Бисера
Грција ,
Касандра ,
Полихроно
Опис на објект
Вила Бисера е нов, целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар кој се наоѓа непосредно до еден од влезовите во Полихроно.
Вилата е оддалечена околу 70 метри од главната улица која минува покрај црквите во Полихроно и 300 метри од градската плажа.
Објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите спрата на зградата.
- Студијата освен со мини кујна опремени се и со двојни и помошни легла на отворање, што ги прави соодветни за сместување на дете како трето лице.
- Апартманите имаат одвоена спална соба во која се наоѓа двојното легло и дневна соба со одлично опремена кујна, кауч со фиока (душек) на отворање.
- Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица.
Во сите единици од објектот кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет.
Во студијата, како и во апартманите (во двете простории), се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно.
Во објектот е овозможено и користење на Wi-Fi интернет.
Дозволено е паркирање на улиците во близина на вилата.
Апартманот број 3 на приземје нема тераса/балкон.
Содржини на објект

Wi-Fi интернет

Клима уред