logo
Ајде На Одмор

Вила Бисера

Грција , Касандра , Полихроно

Опис на објект


Вила Бисера е нов, целосно реновиран објект со квалитетен мебел и инвентар кој се наоѓа непосредно до еден од влезовите во Полихроно.
Вилата е оддалечена околу 70 метри од главната улица која минува покрај црквите во Полихроно и 300 метри од градската плажа.

Објектот располага со повеќе студија и апартмани, распоредени во приземје и трите спрата на зградата.
- Студијата освен со мини кујна опремени се и со двојни и помошни легла на отворање, што ги прави соодветни за сместување на дете како трето лице.
- Апартманите имаат одвоена спална соба во која се наоѓа двојното легло и дневна соба со одлично опремена кујна, кауч со фиока (душек) на отворање.
- Во собата е можно сместување уште на две возрасни лица.

Во сите единици од објектот кујните се комплетно опремени, а креветите и душеците за престој се со хотелски квалитет.
Во студијата, како и во апартманите (во двете простории), се инсталирани клима уреди чие користење е бесплатно.
Во објектот е овозможено и користење на Wi-Fi интернет.
Дозволено е паркирање на улиците во близина на вилата.
Апартманот број 3 на приземје нема тераса/балкон.

Содржини на објект

Wi-Fi интернет
Wi-Fi интернет
Клима уред
Клима уред

Опис на Аранжман


Цените се дадени за наем на студио/апартман на 7 ноќeвања
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.

Доплата за превоз:
- 45€ за возрасни
- 35€ за деца до 12 години

- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10€ во правец (освен седишта 1 и 2).

- Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6 години.
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
- Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

Напомена:
- Доколку се прави промена на аранжман уплатен со попуст, новиот договор се калкулира согласно редовниот ценовник и во периодот кога се во тек попустите за рана уплата.
- Секоја промена на резервација се наплатува 10€.
- Сместувањето на првиот ден е по 14:00 часот и одјавувањето на последниот ден е во 09:00 часот.
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
- При промена на цените (зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во Општите услови за патување. Истото се прави директно во туристичката агенција.
прикажи повеќе

Сместување - заминување

Sun 07, Jul - Sun 29, Sep

Гости

4 возрасни - 0 деца - 0 бебиња
Возрасни
4
Деца
Год 2 - 15
0
Бебиња
Год 0 - 1.99
0

Достапни простории

Нема достапни простории за вашето пребарување.

Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.