logo
Ајде На Одмор

Ривиера

Албанија , Голем

Опис на објект


Хотел Ривиера се наоѓа во Голем на 6 километри од Драч. Во негова близина, на само 120 метри оддалеченост се наоѓа градската плажа.

Располага со соби 2-креветни, 3-креветни и 4-креветни соби опремени со клима уред (вклучен во цената) и фрижидер, сопствени тоалети и Wi-Fi интернет.
Аранжманите се на база на полупансион (појадок и вечера) и истите се организираат во сопствен ресторан на хотелот.
Појадокот и вечерата се организирани на принцип самопослужување.

Хотел Ривиера располага и со сопствена плажа, a лежалките се вклучени во цената.

Содржини на објект

Паркинг
Паркинг
Рецепција
Рецепција
Wi-Fi интернет
Wi-Fi интернет
Ресторан
Ресторан
Приватна плажа и лежалки
Приватна плажа и лежалки
Клима уред
Клима уред
Лифт
Лифт

Опис на Аранжман


Цената се однесува за 7 полупансиони (ноќевање со појадок и вечера) со вклучен автобуски превоз и лежалки на плажа.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.

► Деца до 5 години - ГРАТИС (не користи седиште и кревет) - за седиште доплата од 25€
► Деца од 5-14 години - плаќаат 50%

- Со сопствен превоз цената се намалува за 15€.

Во цената е вклучено:
- 7 полупансиони (појадок и вечера) на самопослужување
- Лежалки на плажа
- Автобуски превоз од наведената релација
- Туристичка такса

Во цената не е вклучено:
- Во цената не е опфатено патничко осигурување (не е задолжително)
- Во цената не е опфатена станична услуга (Скопје) - 50 денари

Превоз:
Тргнување (прва линија*):
- Скопје (хотел Вип - паркинг) - 5 часот
- Тетово (Веро) - 6 часот
- Гостивар (бензиска пумпа Бунар Петрол) - 6:30 часот
- Кичево (бензиска пумпа Power Petrol) - 7:30 часот
- Струга (бензинска пумпа Бесјани) - 8:30 часот

Тргнување (втора линија*):
- Кочани (суд) - 3:30 часот
- Штип (нова пошта) - 4 часот
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол - кружен тек) - 4:45 часот
- Неготино (бензиска пумпа Памела) - 5:40 часот
- Кавадарци (спроти спортска сала) - 6 часот
- Прилеп (бензинска пумпа Лукоил - автопат) - 7 часот
- Битола (бензинска пумпа Лукоил - автопат) - 8 часот
- Охрид (бензинска пумпа Макпетрол - Подмоље) - 9 часот
- Струга (бензинска пумпа Бесјани - Подмоље) - 9 часот

Напомена:
- Влегување во собите во 14 часот.
- Напуштање на собите во 9 часот.
прикажи повеќе

Сместување - заминување

Mon 01, Jul - Mon 16, Sep

Гости

2 возрасни - 0 деца - 0 бебиња
Возрасни
2
Деца
Год 2 - 15
0
Бебиња
Год 0 - 1.99
0

Достапни простории

Нема достапни простории за вашето пребарување.

Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.