logo
Ајде На Одмор

Вила Ујвара

Албанија , Ксамил

Опис на објект


Вила Ујвара е нова вила која се наоѓа на 200 метри од прекрасната плажа „Bora Bora“ и на околу 100 метри од центарот на Ксамил.

Располага со 2-креветни, 3-креветни и 4-креветни студија на спрат опремени со сопствена кујна, купатило, балкон, клима (вклучена во цената) и Wi-Fi интернет.

Вилата поседува паркинг и базен што можете бесплатно да ги користите.

Содржини на објект

Паркинг
Паркинг
Wi-Fi интернет
Wi-Fi интернет
Базен
Базен
Клима уред
Клима уред

Опис на Аранжман


Цените се однесуваат за наем на студио за 7 ноќевања.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.

Напомена:
- За аранжманите купени со попуст НЕ Е дозволено: промена на дата, име и презиме на патниците по извршената уплата, во случај на промена важат редовните цени и се доплаќа до износот.
- Деца до 5,99 години дозволено да спие со родител на еден кревет.
- Климата е вклучена во цената.
- Собите се преземаат во 12:00 часот, а се напуштаат во 08:00 часот по локално време.
- За хигиената на собите се грижат гостите.
- За промена на постелнината се грижи одговорно лице на барање на гостите.

Попусти:
- За уплатени два последователни термини 7+7 ноќевања одобруваме 7% попуст на вториот термин.
- Не е дозволено комбинирање на попустот за рана уплата со другите попусти!
- За раните попусти уплатата треба да се плати вкупната сума до одредениот датум.

Превоз:
*Превозот се одвива преку Грција за што е потребен валиден пасош со Република Северна Македонија.

Цена за превоз од Скопје за Ксамил преку Грција:
- Скопје (Дрводекор) - Трансфер до Битола 60€ по лице
- Штип (паркинг пред пошта) - Трансфер до Велес - 80€ по лице
- Велес (бензинска пумпа Макпетрол кај кружен тек) - 65€ по лице
- Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) - Трансфер до Битола - 65€ по лице
- Деца од 2 до 11,99 години - намалување од 10€ од цената на возрасен

Цена за превоз од Битола за Ксамил преку Грција:
- Битола (автобуска Станица Транскоп на перон) - 55€ по лице
- Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил) - Трансфер до Битола - 55€ по лице
- Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола - 65€ по лице
- Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола) - Трансфер до Битола - 65€ по лице
- Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола - 65€ по лице
- Деца од 2 до 11,99 години - намалување од 10€ од цената на возрасен

Време на поаѓање за Албанија:
00:00 часот - Скопје (Дрводекор) трансфер до Битола
00:45 часот - Велес (бензинска пумпа Макпетрол на кружен тек) трансфер до Битола
00:00 часот - Штип (паркинг пред пошта) трансфер до Битола
01:30 часот - Кавадарци (бензинска пумпа Макпетрол, Дреново) трансфер до Битола
02:20 часот - Прилеп (бензинска пумпа Лук Оил)
03:00 часот - Битола (автобуска Станица Транскоп на перон)
02:00 часот - Ресен (спроти автобуска станица) - Трансфер до Битола
01:30 часот - Охрид (бензинска пумпа Лук Оил излез за Битола)
01:15 часот - Струга (Хотел Дрим) - Трансфер до Битола

*За патниците кои што немаат валиден пасош или лична карта со Република Северна Македонија имаме организирано дополнителен превоз преку Ќафасан. Овој превоз е возможен за понудите од 15.06 до 14.09.2024.

Цена за превоз од Скопје до Ксамил преку Албанија:
- Скопје (Дрводекор) - 60€
- Велес (кружен тек кај Коструницата - трансфер до Скопје) - 70€
- Куманово (Бензинска пупма Макпетрол - трансфер до Скопје) - 70€
- Тетово (попатно) - 60€
- Гостивар (попатно - Бунар Петрол) - 60€
- Кичево (попатно - бензинска пумпа Power Petrol) - 60€
- Охрид (поаѓање од Подмоље - Бесјани Петрол) - 60€
- Струга (кружен тек - кај Нептун) - 60€
- Деца од 2 до 11,99 години - намалување од 10€ од цената на возрасен
- За билет во еден правец - намалување од 10€ од цената за возрасен

Време на поаѓање за Ксамил преку Албанија (петок навечер):
22:00 часот - Скопје
20:30 часот - Велес
21:00 часот - Куманово
22:30 часот - Тетово
23:00 часот - Гостивар
00:00 часот - Кичево
00:50 часот - Охрид
01:20 часот - Струга

- Агенцијата го задржува правото за промена на цената на автобускиот превоз во случај на донесување на законски мерки за дозволена исполнетост на автобусите со 50% или 70%, или доколку настане промена на цената на горивото.

Приговори и поплаки:

- Во случај на неадекватно сместување или кој било друг проблем, се молат патниците за тоа веднаш да го известат одговорното лице на рецепцијата. Доколку проблемот не биде решен, веднаш треба за истиот да се извести ОРГАНИЗАТОРОТ НА ПАТУВАЊЕТО и уплатното место каде сте склучиле Договор за патување, за време на првиот ден од сместувањето и почетокот на ова програма.
- Напомнуваме дека рекламации за кои агенцијата ќе дознае на последниот ден од престојот или по враќањето на патниците, истите нема да бидат земени предвид или разгледани.
- Ве молиме во случај на каков било инцидент (кражба, тепачка, сообраќајна незгода…) да се обратите на надлежните институции во земјата на престојот. Организаторот на патувањето единствено е задолжен да ви помогне при посредување меѓу вас и надлежните институции.
- Составен дел од оваа програма се Општите услови на патување на организаторот на патувањето. За сите информации дадени усно, агенцијата не сноси одговорност. Ве молиме внимателно да ги прочитате условите на патување кои се составен дел од оваа програма.

Што можете интересно дa правите кога сте на одмор во Ксамил?
- Уживајте во зајдисонце. Осигурете се да не го пропуштите зајдисонцето над Ксамилските острови. Кој било бар на плажата или ресторан свртен спрема островите, ќе ви го пружи тоа задоволство.
- Изнајмете кајак. Речиси сите плажи имаат на располагање изнајмувања кајак и бродови. Дефинитивно изнајмете и прошетајте ги Ксамилските острови!
- Посетете го националниот парк Бутринт. Има автобус на секој час од Саранда и Ксамил кој вози до Националниот парк Бутринт. Само 3 км по патот се наоѓа светското наследство на УНЕСКО, Бутринт. Бутринт е домаќин на некои од најважните истории на Албанија и целиот Медитеран.
- Уживајте во Саранда: Сместено на самиот југ на Албанија, Саранда е мал град со над 300 сончеви денови во годината кој сè повеќе наликува на италијанските приморски градови, а привлекува огромен број на гости со својот шарм. Веројатно сте слушнале како некои пријатели го споменуваат ова летно одморалиште. Ова не треба да изненадува бидејќи Саранда е украсена со волшебни плажи со бел песок, бројни маслинови градини, сите на Јонското крајбрежје, спроти познатиот грчки остров Крф.
- Посетете ја плажата "Pema e Тhate", една од најубавите панорамски плажи во јужна Албанија лоцирана на 3 километри југозападно од Ксамил.
- Посетете го „Syri & Kalter“ (Плаво око) - прекрасен природен феномен кој е оддалечен околу 50 минути возење од Ксамил. Сири и Калтер е исто така познат како сино око и тука ве чекаат кристално чисти води во тиркизна и зелена боја.
прикажи повеќе

Сместување - заминување

Sat 06, Jul - Sat 28, Sep

Гости

2 возрасни - 0 деца - 0 бебиња
Возрасни
2
Деца
Год 2 - 15
0
Бебиња
Год 0 - 1.99
0

Достапни простории

Нема достапни простории за вашето пребарување.

Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.