logo
Ајде На Одмор

Мелбурн

Грција , Пиерија , Паралија

Опис на објект


Хотел Мелбурн се наоѓа на 250 метри од плажа.

Располага со 4-креветни апартмани, 3-креветни и 2-креветни студија.

Апартманите се со одвоена спална (брачен кревет или два одвоени кревети) и кујна во која има дополнително има една или две софи кои се пуштаат. Дополнително, имаат сопствен тоалет, клима, телевизор, Wi-Fi и тераса.

Собите се без кујна, но имаат фрижидер, сопствен тоалет, клима, телевизор, Wi-Fi и тераса.

Хотелот поседува и лифт.

Содржини на објект

Рецепција
Рецепција
Wi-Fi интернет
Wi-Fi интернет
Клима уред
Клима уред
Лифт
Лифт

Опис на Аранжман


Цените се однесуваат за пакет-аранжман по лице со вклучени 7 ноќевања и автобуски превоз.
Цените се изразени во евра во денарска противвредност: 1€ = 62 денари.

- За патување со сопствен превоз од цената се намалува 10 евра по лице.

За оние кои имаат гратис сместување потребна е само доплата за превоз и траект:
- 45€ за возрасни
- 35€ за деца до 12 години

- Превозот е со автобус или минибус и е до соодветното место за запирање согласно локалните сообраќајни услови.
- Секој патник има право на превоз на 1 парче багаж и 1 парче рачен багаж.
- Организаторот не гарантира превоз до самиот објект на сместување.
- Патниците самостојно го пренесуваат својот багаж од местото на запирање со објектот на сместување.
- Ги замолуваме патниците да бидат на местата за поаѓање 15 минути пред поаѓањето.
- Поради густиот сообраќај во текот на летната сезона можни се определени доцнења за кои однапред се извинуваме.

- Доколку патникот сака да бира седиште за истото се доплаќа 10€ во правец (освен седишта 1 и 2).

- Во студио/апартман е дозволено сместување на лица во согласност со предвидениот број на кревети, преку дозволениот капацитет може да се смести само едно дете до 6 години.
- Во цената не е вклучена туристичка такса која се плаќа на лице место при сместување.
- Во цената не е вклучено патничко здравствено осигурување.

Напомена:
- Сместувањето на првиот ден е по 14:00 часот и одјавувањето на последниот ден е во 09:00 часот.
- Агенцијата не сноси никаква одговорност за квалитетот на интернет конекцијата во објектите.
- При промена на цените (зголемување или намалување) нема да се менува цената на веќе договорената услуга.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжманот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во Општите услови за патување. Истото се прави директно во туристичката агенција.
- Фотографиите од сместувачкиот капацитет се од повеќе студиа, а не се селектирани по едно студио.
- Собите се чистат првиот ден при влез во објектот, гостите самостојно одржуваат хигиена за време на престојот. Последниот ден, гостите ги оставаат чисти садовите и го изнесуваат сметот од собите.
- Промена на чаршафи се врши првиот ден при влез во објектот, и евентуално по барање од гостинот доколку има потреба. Крпи или пешкири не се вклучени во услугата.
- Изборот на ТВ канали, опременоста на собите, кујните и тоалетите се разликува од објект до објект, притоа се применуваат локалните стандарди за оптимална опременост на објекти за сместување.
- Организаторот на патувањето го задржува правото по пат на ultra first и last minute или друг тип на промоција да ги објави и продаде слободните капацитети по цени кои се разликуваат од оние кои се веќе објавени во ценовникот. Лицата кои го уплатиле аранжманот по редовен ценовник, немаат право на надомест на средства за разлика во цена.
- За резервација на понуда по редовна цена, 30 % од вредноста на аранжманот се уплатува во моментот на резервација, а остатокот 21ден пред поаѓање.
- Патникот во секој момент може да се откаже од аранжамот. Тоа се прави во писмена форма и согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
- Во случај на отказ на аранжан кој е со попуст за рана уплата 50 % од сумата е неповратна а вториот дел од 50 % се задржуваат согласно скалата која е објавена во општите услови за патување.
прикажи повеќе

Сместување - заминување

Sat 31, May - Sat 20, Sep

Гости

2 возрасни - 0 деца - 0 бебиња
Возрасни
2
Деца
Год 2 - 15
0
Бебиња
Год 0 - 1.99
0

Достапни простории

Нема достапни простории за вашето пребарување.

Ве молиме повторно пребарајте со промена на временскиот период.