Иос – совршениот избор на летен одмор за млади

30.05.2016

Кога младите одбираат дестинација за своето летување, ретко си дозволуваат да експериментираат и најчесто се одлучуваат за место за кое што слушале многу пофалби од нивни познаници. Недоволната информираност често знае да биде клучен фактор за непосетување на нови и помалку познати дестинации. Тезата која во туризмот е докажана повеќе пати – “Колку подалеку – толку поевтино“, за патниците сеуште звучи неверодостојно. Затоа во продолжение ќе наведеме пример за летна дестинација која ја поткрепува наведената теза.

Островот ИОС за многу кратко време стана доста популарен кај младите, а голем дел од нив имаат погрешна визија за тоа што ги очекува таму. Фактот што островот изгледа различно од останатите грчки острови и неговата голема оддалеченост, не значи дека ИОС е недостижна дестинација за младите.

Единствените грижи на младите, при планирање на летниот одмор, се цените на храната, кафето и другите пијалоци во клубовите и кафулињата. Цените на овој остров се исти, во некои случаи и пониски од цените на останатите грчки острови, како на пример најпосетуваните Закинтос и Крф.

Во продолжение разгледајте ги цените на основните намирници на овој остров.

- Просечна цена на кафе е од 1.5 до 2 евра.

- Сокови од 2 до 3 евра.

- Цената на пивото во маркетите изнесува околу 1.3 евра по лименка од 0.5 литри, па често е исплатливо да се купат  пакети кои се на промоција.

- Цената на пивото во локалите е од 3 до 4 евра во зависност од тоа каков тип на пиво ќе одберете.

- Точеното пиво просечно чини околу 3.5 евра.

- Цените на коктелите се во просек околу 5 евра со тоа што често се случува happy hour па можете да платите два коктела за 6 евра или да купите шот за 1 евро.

- Гирото чини околу 2.5 евра

- Цената на суфлаки е приближно иста како цената на гирото и варира во зависнот од ресторанот.

- Тајландската кујна е доста актуелна на островот, каде оброците можат да се најдат по цени од околу 7.5 евра.

- Цените на овошјето и зеленчукот се доста слични со цените во Македонија

- Цените на најосновните намирници кои важат за цела Грција : леб 1.5 евра ; млекото е поевтино од јогуртот и чини од 1 до 2 евра, додека грчкиот јогурт е доста сличен на кисело млеко и чини околу 2 евра.

- Каде и да се упатите на одмор во Грција важи истото правило – водата од водоводните инсталации не е препорачлива за пиење. Цените на флаширана вода во маркет изнесуваат околу 3 евра за пакет од 6 шишиња, а во локал да купите шишенце флаширана вода за најмногу едно евро.

Накратко, тоа се цените на продуктите кои најчесто се користат за време на летниот одмор. Она што изгледа необично и луксузно, не значи дека е недостижно. Според цените може да се заклучи дека потребниот буџет за летување е ист како за било која друга дестинација во Грција, сепак летниот одмор на овој остров може да изгледа тотално поинаку и да понуди многу нови и воздбудливи доживувања.

 

Аранжмани за летување и забава на Иос можете да разгледате тука.