9 егзотични дестинации кои се лесно достапни преку нашите агенции

23.02.2016

Отсекогаш сте сонувале да посетите некоја егзотична дестинација, но мислите дека тоа е невозможно? Премногу е далеку, многу е скап авионскиот лет, се само дел од грижите кои поминуваат низ вашата глава кога размислувате на вакво патување. Запомнете дека секој сон е лесно остварлив доколку доволно посакувате тој да стане јаве. Организацијата на вакво патување не е лесна, но секоја пречка е висока онолку колку што вие ќе ја поставите. Живееме на планета полна со прекрасни тропски места кои делуваат како да се отцепиле од рајот, па токму затоа вреди да се заштеди и да се посетат барем неколку од нив.
 

Доколку не сакате премногу да се заморувате со пребарување и комбинирање летови, споредување цени на хотели и слично, истото за вас може да го стори некоја од нашите туристички агенции. Во последно време низ нивните каталози можат да се најдат одлични егзотични летувалишта кои се и тоа како примамливи за посета. Токму затоа овој пат се решивме да составиме една убава листа од најинтересните егзотични дестинации, кои се дел од понудата на македонските туристички агенции.
 

Доброто во сето ова е вашата заштеда на време. Откако друг ќе ви го организира целото патување, можете да го вложите во комплетна подготовка за патувањето, да си направите добар шопинг, да вежбате и да се храните здраво, да направите список на знаменитости, музеи и ресторани што сакате да ги посетите и слично.
 

Па ајде да ја погледнеме листата со најинтересни егзотични места!

 

Сејшели
 

Прекрасниот архипелаг го сочинуваат 115 гранитни и корални острови кои се распрскани низ Индискиот океан. Секој од нив прекрасен на свој начин, а особено најголемите Праслин, Ла Диг и Махе, на кој се наоѓа главниот град Викторија. Во текот на целата година температурата овде изнесува помеѓу 24 до 34 Целзиусови степени, правејќи го идеално место за одмор во било кој период од годината. Островите се познати по својата навистина ретка флора и фауна, а за комплетно уживање тука се белите песочни плажи и кристално бистрата вода. Ова место е познато и како „островот на љубовта“, па токму затоа е една од омилените дестинации за меден месец.  

Сејшели

Сејшели

Сејшели

 

Малдиви

 

Со фантастична температура над 30 Целзиусови степени, Малдивите се синоним за тропски рај. Прекрасни долги песочни плажи, небесно сина вода и шарени корали насекаде околу вас. Додека сте тука, цело време ќе се штипнувате за да проверите дали е ова јаве или сон. Услугата на сместувачките капацитети е на највисоко ниво, бидејќи туризмот е дејност број еден во оваа мала островска земја. Овдека навистина ќе се чувствувате како крал/кралица!

Малдиви

Малдиви

Малдиви


Тајланд

 

Земјата на смеата и радоста е идеално место за тропско бегство од секојдневието, особено во периодот кога кај нас е ладна зима. Големи дебели сенки, бесконечни песочни плажи, но и одличен ноќен живот. Ќе се воодушевите од гостопримството на овој народ, нивната специфична култура и фантастична кујна. Додека сте таму, не заборавајте да јавате слон и да го посетите островот Пукет!

Тајланд

Тајланд

Тајланд


Куба

 

Зарем треба да наведуваме причини зошто треба да ја посетите Куба? Најголемата островска земја, во групата на Малите Антили во Карипското Море, е излезена од бајките. Посета на прекрасни знаменитости, возење во олд тајмери, одлична музика, феноменални забави, прекрасни плажи, се само дел од активностите во кои ќе уживате додека сте на вашиот одмор во Куба. Што повеќе може да се посака од ова?! А, да ќе заборавевме! Пристапот до интернет е исклучително скап, така што ќе заборавите на сурфањето на вашиот телефон за време на одморот, а подобро од тоа да бидете конечно офлајн нема, нели?!


Куба

Куба

Куба

 

Доминикана

 

Кога станува збор за егзотика, можеби не постои подобар пример од Доминиканската Република. Планински венци, долги реки, водопади, солени езера, прекрасно море, песочни плажи, бујна тропска вегетација... Тука имате сè на едно место! Една од најгостопримливите нации во светот ќе ве пречека со одлична храна, добра забава и незаборавен помин.

Доминиканска Република

Доминиканска Република

Доминиканска Република
 

Маурициус

 

Овој прекрасен остров е создаден благодарение на низа вулкански ерупции пред околу 100 години. Официјални јазици се Англискиот и Францускиот, а луѓето се многу гостопримливи. Низ островот има огромен број недопрени песочни плажи, кои заедно со прекрасното тиркизно море, создаваат прекрасен пејзаж кој никогаш нема да го заборавите. Ова е идеално место за љубителите на водни спортски активности.


Маурициус

Маурициус

Маурициус

 

Занзибар

 

Во близина на Танзанискиот брег, овој остров плени со својата специфичност и убавина. Овдека можете да нуркате покрај прекрасниот разнобоен гребен и да пливате помеѓу шарените рипки. Задолжително морате да го посетите Камениот град, кој е прогласен за светско културно наследство, како и уникатните пазари, преполни со разни зачини.


Занзибар

Занзибар

Занзибар

 

Хаваи

 

Хаваите им се добро познати на сите! Најверојатно кога некој ќе спомне тропски рај, веднаш ви текнува на нив. Венците со цвеќиња и карактеристичниот мелос на укулелето, ќе го направат вашиот одмор и престој на Хаваите уште попријатен. Секој од седумте главни острови на Хаваите, има да понуди нешто интересно и специфично, ваше е само да појдете и да уживате.


Хаваи

Хаваи

Хаваи

 

Бали 

 

На ова мало островче кое се наоѓа помеѓу Виетнам и Австралија, престојуваат повеќе од 3 милиони задоволни туристи годишно. Прекрасната недопрена природа, преубавите храмови и специфичната архитектура и култура на локалното население, ќе ве натера да посакате никогаш да не го напуштите ова место. Тука ќе уживате во неодоливата храна, прекрасните освежителни коктели и богатиот ноќен живот. Овој остров е познат и под името Островот на Боговите, бидејќи се верува дека хинду боговите живееле на неговите планини.


Бали

Бали

Бали


Автор: Виктор Милевски