18 прекрасни места ширум светот, бакнати од есента

10.11.2015

Веќе извесно време ја чувствуваме есента во воздухот, и покрај тоа што оваа година за наша среќа, ноемвриските денови се значително потопли од вообичеаено. Но, и кога климатските услови не се вака поволни, сепак златно-жолтите и страсно-црвените лисја, нè понесуваат со својата магија и ни помагаат студот полесно да го поднесуваме.

Есента е најспектакуларното годишно време и последниот крик пред да започне студената зима. Ова годишно време ни овозможува да уживаме во огромен број предели и градови, восхитувајќи им се на пезјажите и природата, во кои изгледа како да замешал прсти некој талентиран уметник.

Ако во текот на летните одмори, не ја задоволивте вашата страст за патувања, тогаш есента е одлично време за запознавање нови места, кои оставаат без здив. Неверојатни пејзажи, прелевање на златести нијанси и погледи кои ќе ви ги разбрануваат сите сетила. Доколку сте љубител на есенски патувања, ова се дестинациите кои нема да ве разочараат и кои најсилно сјаат, токму во есента. Пасошот во рака и правец кон овие места, кои сведочат за прекрасните есенски бои и освојуваат на прв поглед. Уживајте!

1. Кјото, Јапонија

2. Лох-О, Шкотска 

3. Централ Парк, Њујорк, САД

4. Стокхолм, Шведска 

5. Езеро Халстат, Австрија 

6. Бостон, Масачусетс, САД

7. Нијагарини водопади, Северна Америка 

8. Белите планини, Њу Хемпшир, САД 

9. Лувр, Париз, Франција

10. Њујорк, САД 

11. Париз, Франција

12. Денали, Алјаска 

13. Лондон, Англија

14. Фарма Заспаната долина, Вермонт, САД

15. Навајо, Племенски парк, Аризона 

16. Тоскана, Италија 

17. Умбрија, Италија 

18. Национален парк Јосемити, Калифорнија, САД


 

Подготви: Кристина Шумадиева