Кои европски места се најубави за посета наесен?

04.05.2015

Деновите стануваат пократки, температурите паѓаат, трагите од летото сé повеќе избледуваат, но тоа не е причина да изгубите желба за прошетки. Европските градови блескаат во огромен спектар од бои наесен, што ги прави совршени за долги прошетки, во добро друштво. Следниве 5 дестинации се одлични за овој период од годината:


Тоскана, Италија

Регионот Тоскана е прекрасен наесен. Сè уште е топло, се одржуваат одлични настани, се пие одлично вино и се ужива во живописноста на прекрасната природа.


Прага, Чешка

Прага е прекрасна во секој период од годината, но наесен шармира и освојува. Градот е полн со туристи, можете да уживате во луда забава, одлични пива и добро јадење.


 

Бриж, Белгија

Најдоброто во Бриж е тоа што не морате да излегувате надвор од градот за да го осетите шаренилото на есента. За време на овој период градот се претвора во еден од најшармантните и најидиличните европски градови. Старите градби и шарените тонови на есента кои се рефлектираат во каналите низ градот, ќе ве воодушеват.


 

Амстердам, Холандија

Амстердам блеснува во ова годишно време. Есента е совршено време да уживате во добро кафе покрај некој од каналите на Амстердам. Контрастот од златните листови паднат на улиците и најчесто сивото небо над градот, ќе ви ја наполни душата.


 

Осло, Норвешка
 

Осло е прекрасен град за прошетки, а промената на боите на дрвјата го прави уште поубав. Посетата на еден од најубавите центри во Северна Европа наесен, ќе ви претставува едно прекрасно задоволство кое никогаш нема да го заборавите.  


Автор: Кристина Шумадиева