Совети за совршен тен ова лето

04.05.2015

Кој дел од денот е најдобар за сончање?

Сите луѓе сакаат набрзина да добијат секси, бронзен тен, па неретко се обидуваат да ги искористат пладневните часови за сончање, кога сонцето е најсилно. Но, помеѓу 10 часот претпладне и 16 часот попладне, УВ зраците се најсилни и многу опасни по кожата. За време на овие часови, седете под сенка што е можно подолго, дури и кога има облаци, бидејќи и така можете да изгорите. Дури 80% од УВ зраците можат да се пробијат преку облаците. Затоа искористете го времето попладне, кога сонцето е послабо, а сепак можете постепено да добиете убава боја на кожата.

 

Кога да нанесете лосион со заштитен фактор?

Најубаво е секогаш да користите водоотпорен лосион со заштитен фактор (колку лесно и да ве фаќа боја, препорачливо е  лосионот да е бар со фактор 15 и да нуди UVA и UVB заштита). Колку поголем фактор користите, толку повеќе ќе се заштитите, а бројката нема врска со брзината на потемнување на вашиот тен. Лосионот нанесете го 20-30 минути пред да појдете на плажа. Иако е водоотпорен, после пливањето или разладувањето во вода, задолжително повторно нанесете лосион. Дури и да не се капете или да е надвор облачно, препорачливо е на секои 2-3 часа, да се мачкате со лосион со заштитен фактор.

 

Солариум пред одмор

Доколку планирате да фатите тен пред одмор на солариум, морате да преземете мерки исто како да се сончате на сонце.

  • Носете заштитни очила за не ги оштетите очите

  • Нанесете лосион за сончање

  • Доколку почнете да одите на солариум, почнете пополека и во куси интервали

  • Почитувајте го предложениот совет од вработените во салонот, за тоа колку често треба да одите на солариум, бидејќи за секој тип кожа не важат истите правила

  • Откако ќе го добиете посакуваниот тен, одржувајте го со посетување на солариум еднаш неделно

Не заборавајте да ги заштитите усните

Појдете во аптека и задолжително купете си балсам за заштита на усните од сончевите зраци. Многу често луѓето забораваат да ги заштитат усните, кои исто како и кожата можат да настрадаат од силното сонце.

 

Не се задржувајте премногу во вода и на песок

Песокот, водата, како и мразот и снегот, рефлектираат дури 85% од УВ зраците, па затоа гледајте да не се задржувате премногу сончајќи се или разладувајќи во водата. Не заборавајте дека и додека се капете во вода, постојано треба да имате нанесено лосион со заштитен фактор.
 

Заштите ја вашата коса 

За да ја заштите вашата коса од штетното сонце, употребувајте специјален спреј кој штити од УВ-зраци и сушење на косата од сончевите зраци. Меѓутоа, сепак козметиката не може 100% да ја заштити вашата коса од сушење и пукање, а додека се капете во вода не можете да носете шапка. За да се осигурате дека ќе имате здрава, сјајна и блескава коса во текот на летниот одмор и по него, ви препорачуваме да консумирате специјални витамини за коса. Овие суплементи за коса се фокусираат на здравјето и квалитетот на косата, однадвор и однатре. Специјално дизајнираната формула располага со големо количество хранливи материи, кои помагаат за раст на здрави влакна од корењата, помалку испукани врвови, подобрување на еластичноста на косата, побрз раст на косата како и нега на скалпот. Така што, кога ќе забележите дека вашата коса изгледа безживотно и без сјај, обавезно обезбедете си вакви витамини, особено во текот на летниот период, кога сонцето е многу јако и штетно. 

 

Заштитете ги и очите

Сите знаеме дека сонцето може да ја оштети кожата и косата, но малкумина знаат дека УВ зраците можат значително да им наштетат и на очите. Затоа не заборавајте да носите шапка или очила кои штитат 100% од УВ зрачење.

 

Внимавајте на дехидратација

Доколку сте решени да се „печете“ на плажа, внимавајте да не го дехидрирате телото.  Затоа задолжително со вас понесете си шише вода, а препорачливо е да каснувате и свежо овошје, зеленчук, особено тоа коешто е богато со витамин Ц, доколку сакате кожата да го задржи свежиот, младешки изглед.


Може да те интересира: Домашни лекови за изгореници од сонце