Услови за користење

ДПТУ М-БУКИНГ СОФТ ДОО (во понатамошниот текст АјдеНаОдмор.мк) е сопственик и управува со веб-сервисот www.ajdenaodmor.mk и неговите фан-страници на социјалните медиуми. Со употреба на овој веб-сервис и сите негови услуги Вие (крајните корисници) се согласувате со Условите за употреба на АјдеНаОдмор.мк.

Аранжманите кои се претставени на „Ајде на одмор“ се превземени од веб-сајтовите на туристичките агенции и при нивното прикажување постои можност да се појават грешки, за кои „Ајде на одмор“ не превзема одговорност.

Што е АјдеНаОдмор.мк?

АјдеНаОдмор.мк е веб-сервис за агрегирање на понудите на македонските туристички агенции на едно место, направен со цел да им овозможи на корисниците брзо, лесно и едноставно да пребаруваат низ туристичките понуди на македонските туристички агенции, да ги согледаат сите информации на едно место и да го резервираат (купат) аранжманот кој го посакуваат, без да трошат време во барање на слободни аранжмани во туристичките агенции.

Туристички аранжмани и резервации

АјдеНаОдмор.мк не поседува свои туристички аранжмани, ниту се јавува како туроператор во ниту еден од аранжманите кои се објавени. Сите информации за туристичките аранжмани кои се прикажуваат на АјдеНаОдмор.мк се директно поставени од страна на туристичките агенции кои ги организираат и продаваат аранжманите. АјдеНаОдмор.мк не одговара за реализација и исполнување на условите од туристичките аранжмани кои се објавени и кои се резервирани преку веб-сервисот. АјдеНаОдмор.мк не одговара за евентуални грешки во туристичките аранжмани кои се прикажани.
За сите информации за туристичките аранжмани претставени на АјдеНаОдмор.мк (фотографии, цени, програма на патување и услови за патување) одговара единствено туристичката агенција - организатор на патувањата. За реализација на аранжманите кои се резервирани преку веб-сервисот, исто така одговара единствено туристичката агенција која е организатор на патувањата.
Резервациите кои ги овозможува АјдеНаОдмор.мк претставуваат фактичка резервација, со која местото на корисникот е загарантирано во дадениот термин.

Плаќање

При секоја резервација направена преку АјдеНаОдмор.мк податоците од Вашата платежна картичка, не се зачувуваат или пренесуваат преку нашите сервери. Податоците од платежните картички се процесираат преку платежниот процесинг систем Casys кој е сертифициран од VISA и MasterCard за процесирање на трансакции. Во моментот на извршување на плаќањето, податоците од платежната картичка се процесираат преку HTTPS безбедносен протокол со користење на Secure Socket Layer (SSL) технологија. На овој начин, податоците за платежните картички се недостапни за АјдеНаОдмор.мк

Лични Податоци

АјдеНаОдмор.мк се обврзува да ја штити приватноста на своите корисници, согласно со Законот за заштита на личните податоци. Сите податоци за корисниците се потребни исклучиво за извршување на резервација на туристички аранжман.
АјдеНаОдмор.мк зачувува податоци само од крајните корисници кои резервираат (купуваат) туристички аранжмани преку веб-сервисот. АјдеНаОдмор.мк ги зачувува името, презимето, е-поштата и контакт телефонот од крајните корисници кои резервирале (уплатиле) туристички аранжман преку веб-сервисот. Информациите за корисниците се зачувуваат со цел нивно контактирање од страна на туристичката агенција каде е уплатен аранжманот и АјдеНаОдмор.мк се обврзува дека на најдобар можен начин ќе ги заштити овие податоци. АјдеНаОдмор.мк се обврзува истите податоци да не ги споделува со никого освен со туристичката агенција која е организатор на аранжманот кој е резервиран.
АјдеНаОдмор.мк се обврзува истите податоци да не ги употребува за никакви маркетинг цели. АјдеНаОдмор.мк нема пристап и не може да зачува податоци од платежната картичка со која крајниот корисник го купува туристичкиот аранжман.

На корисниците на веб-сервисот АјдеНаОдмор.мк не им е дозволено:

Лажно претставување во име на други правни или физички лица.
Манипулирање со информации со цел да се скрие потеклото на содржините кои се објавуваат преку услугите на АјдеНаОдмор.мк.
Објавување, испраќање и размена на содржини на корисници без нивно барање или согласност.

Промена на Условите за користење

АјдеНаОдмор.мк го задржува правото на промена на Условите на користење во било кое време и нема да биде одговорна за можни последици кои би произлегле од таквите промени. Промените стапуваат на сила со нивно онлајн објавување на веб-сервисот АјдеНаОдмор.мк.