Често поставувани прашања

Што е Ајде на одмор?

Специјализирана онлајн платформа креирана за сите современи и практични луѓе кои сакаат брзо и едноставно да го одберат и резервираат своето патување. Ајде на одмор нуди брза и ефикасна услуга при пронаоѓање и одбирање туристички аранжман и е првиот веб-сервис кој нуди и онлајн резервација со сите платежни картички.

Како работи Ајде на одмор?

Ајде на одмор е поврзан со системот за онлајн резервации мБукинг, кој го користат туристичките агенции за онлајн продажба на нивните аранжмани. На овој начин, целосна контрола врз информациите содржани во туристичките аранжмани и слободните места кои се прикажуваат на Ајде на одмор, имаат само туристичките агенции кои ги организираат и ги продаваат истите.

Зошто да резервирам преку Ајде на одмор?

На нашиот онлајн сервис можете да прегледате и споредите многу туристички аранжмани на едно место во краток временски период и да го уплатите идеалното патување според Вашите потреби, без никакви скриени трошоци и провизии. Тоа значи дека ние нудиме исти услови како при уплата во седиштата на туристичките агенции, но истовремено ви овозможуваме да заштедите многу време кое би го изгубиле во талкање низ туристичките агенции и чекање ред.

Што ако не можам да ја пронајдам посакуваната дестинација?

Доколку не можете да ја пронајдете посакуваната дестинација преку стандардното пребарување на почетната страна тоа значи дека во моментот на Ајде на одмор нема достапни понуди за таа локација.

Ми се допаѓа еден аранжман. Како да го резервирам?

Многу едноставно! Кликнете на посакуваната понуда од листата и откако ќе се осигурате дека внимателно сте го прочитале инфото и описот на понудата и сте ги разгледале фотографиите од сместувањето, кликнете на копчето „резервирај“. На овој чекор ги одбирате параметрите за калкулација на вашиот аранжман: бројот на лица/деца кои ќе патуваат, типот на превозот, типот на пансионот, при што ќе ви се прикаже збирот кој треба да го уплатите во делот „вкупно“. Кликнете на копчето „продолжи“. Пополнете ги вашите контакт информации, потоа селектирајте дека ги прочитавте и прифаќате условите за патување и дека по уплатата ќе потпишете договор за патување, издаден од страна на агенцијата во која ја правите резервацијата. Кликнете на копчето „резервирај“. Потоа, ќе бидете пренасочени кон системот за процесирање на онлајн плаќање Casys, каде ќе ги внесете податоците од вашата платежна картичка. При резервација на аранжман, агенцијата добива известување за вашата уплата и вашето место е резервирано во системот во кој работи агенцијата. Со резервацијата и уплатата вашето место како корисник е загарантирано.

Како да знам дека успешно сум резервирал?

Доколку извршената трансакција е успешна, на Вашата е-пошта автоматски се испраќа ваучер кој е доказ за Вашата уплата и резервацијата автоматски се запишува во системот на агенцијата. Копија од истиот ваучер се испраќа и до туристичката агенција во која е резервиран вашиот аранжман и до АјдеНаОдмор.мк. Ваучерот има свој единствен идентификациски број и во него се прикажани сите информации за туристичкиот аранжман кој сте го резервирале. Понатаму агенцијата ќе ве контактира за да склучите договор за патување.

Како да го употребам ваучерот за моето патување?

Во моментот кога ќе ви пристигне ваучерот на вашата е-пошта имате гаранција дека вашиот аранжман е резервиран во туристичката агенција. Со прикажување на ваучерот во печатена или електронска форма, туристичката агенција е должна да ви издаде договор за патување, кој треба да го потпишете.

Не сум во можност да го испечатам ваучерот. Дали е тоа проблем?

Тоа не претставува проблем. Туристичката агенција има копија од истиот ваучер и пред да го потпишете договорот за патување, потребно е да го прикажете ваучерот во електронска форма, од вашиот мобилен телефон или таблет.

Дали прикажаните информации во аранжманите се точни?

Сите информации за туристичките аранжмани кои се прикажуваат на Ајде на одмор, се директно поставени од страна на туристичките агенции кои ги организираат и ги продаваат аранжманите. Тоа значи дека за точноста на информациите одговараат само туристички агенции, исто како и при директна уплата на аранжман во нивните седишта. Ајде на Одмор не одговара за евентуални грешки во туристичките аранжмани прикажани на сајтот.

Дали можам по грешка да купам аранжман со одминат датум?

Не! На Ајде на одмор се прикажуват само активни туристички аранжмани, чија реализација сè уште не е започната.

Дали можам да купам аранжман за кој нема повеќе слободни места?

Не! На Ајде на одмор се прикажуваат само активни туристички аранжмани, односно туристички аранжмани за кои има слободни места во сместувачките објекти и се во моментална продажба од страна на агенциите. Аранжманите кои се распродадени и за кои нема повеќе слободни места, нема да се прикажуваат и нема да бидат достапни за резервирање од страна на корисниците на Ајде на одмор.

Каде треба да ги испратам имињата на останатите патници кои патуваат со мене?

Информациите за сите останати патници (име, презиме, број на пасош) за кои важи резервацијата, ќе бидат евидентирани со потпишувањето договор за патување во туристичката агенција, која е организатор на патувањето.

Кои форми на плаќање може да се користат?

Плаќањето може да се изврши со Visa, MasterCard, Maestro, МК Domestic Card дебитни и кредитни картички за плаќање. Уплата преку банковен налог не е достапна.

Дали онлајн плаќањето е безбедно?

Да! Бројот од Вашата кредитна картичка е пренесен преку безбеден HTTPS протокол директно до процесинг центарот CaSys. Транскациите потоа се одвиваат преку CaSys и Комерцијална банка и во ниеден момент Ајде на одмор нема пристап до податоците од Вашата платежна картичка.

Што да направам доколку кредитната картичка ми е одбиена?

Проверете дали кредитната картичка е важечка и дали на истата имате доволно средства. Бројот на кредитната картичка мора да се внесе во последователни броеви, без „-“ помеѓу броевите. Исто така, проверете дали има празни места на крајот од бројот на кредитната картичка. Доколку проблемот повторно се појави, контактирајте со банката за да проверите дали ви е дозволено плаќање преку интернет со картичката или дали имате дневен лимит на купување.

Дали може повеќе заинтересирани страни истовремено да резервираат ист аранжман?

Не, двојно букирање не може да се случи. Доколку две или повеќе страни се заинтересирани за купување на ист аранжман, односно кликнат на копчето резервирај, првата која ќе уплати за аранжманот го резервира своето место.

Како да знам што е вклучено во цената?

Откако ќе одберете аранжман кој сакате да го резервирате, внимателно прочитајте го описот, условите и програмата наведена од страна на агенцијата – организатор на патувањето. Пред да преминете на чекорот за уплата на резервацијата, системот ќе ви ја прикаже калкулацијата на сумата, врз основа на одбраните параметри од Ваша страна.

Аранжманот за кој уплатив е на туристичка агенција од друг град. Како треба да постапам?

Без грижи. Вашето место е резервирано. Агенцијата ќе ве контактира за деталите околу патувањето и ќе ви испрати договор за патување на вашата е-пошта. Сè што треба да направите е да го потпишете договорот за патување и да го испратите назад до агенцијата.

При резервирање погрешно го напишав името/телефонскиот број/адресата на е-пошта на патникот. Што треба да направам?

Контактирајте ја агенцијата во која сте резервирале аранжман и доставете ги точните информации.

Како да ја откажам резервацијата?

За да ја откажете вашата резервација контактирајте ја агенцијата во којашто сте ја направиле уплатата. За откажување на резервација и износот кој треба да се рефундира, важат Општите услови за патување на СКТМ и условите за патување на туристичката агенција во која е направена резервацијата. За откажување на резервација се пресметуваат следниве пенали:

  • до 30 дена пред почеток на аранжманот, 5% од цената на аранжманот
  • од 20 до 29 дена пред почетокот на аранжманот, 10% од цената на аранжманот
  • од 15 до 19 дена пред почетокот на аранжманот, 20% од цената на аранжманот
  • од 8 до 14 дена пред почетокот на аранжманот, 60% од цената на аранжманот
  • На ден на поаѓање или отпочнување на аранжманот, 100% од цената на аранжманот

Средствата ќе бидат префрлени на банкарската сметка од која е извршена онлајн уплатата.

Туристичката агенција ја намали цената на аранжманот во Last Minute промоција. Дали парите ќе ми бидат вратени?

Не. Во моментот кога сте ја направиле резервацијата цената била повисока и туристичките агенции го задржуваат правото да ги намалат цените на своите аранжмани неколку дена пред да се реализира патувањето. Воведувањето промотивни цени не влијае врз веќе извршените уплати.

Сакам да додадам уште еден патник на мојата резервација. Како можам да го сторам тоа?

За жал, не можете да додавате или одземате патници на веќе направена онлајн резервација. Контактирајте ја туристичката агенција во која е направена уплатата, за да ви кажат дали постои евентуална можност за промена на вашиот аранжман со друг, во просторија со поголем или помал број на кревети.

Се премислив и сакам да резервирам друг аранжман. Како можам да ја направам промената?

За жал, не можете да ја промените вашата онлајн резервација со друга. Контактирајте ги агентите од туристичката агенција во која ја направивте уплатата, за да ви кажат дали постои евентуална можност за промена на вашиот аранжман со друг.

Што ако агенцијата каде што ја направив резервацијата го откаже патувањето?

Доколку туристичката агенција-организатор на патувањето за коешто направивте онлајн резервација го откаже патувањето, истата е должна да ги рефундира вашите средства во целосен износ, на вашата банкарска сметка, во најбрз можен рок.

Дали е потребно да се јавам на некој телефон за да ја потврдам резервацијата?

Не. По направената уплата, системот автоматски ви испраќа ваучер на вашата е-пошта и истиот се испраќа и до туристичката агенција. По пристигањето на имејл пораката, таа ќе ве контактира на телефонскиот број впишан во контакт информациите при резервацијата.

Во текот на резервацијата не можам да додадам дете/деца. Зошто?

Доколку во текот на резервацијата не можете да одберете дете/деца, тоа значи дека туристичката агенција која е организатор на патувањето, не дефинирала попусти за деца или максималниот капацитет на собата (бројот на кревети) е исполнет со изборот на возрасни лица. Во првиот случај, бројот на деца вклучете го во вкупниот број на возрасни лица. Во вториот случај, одберете сместувачка просторија со поголем капацитет (број на кревети).

Во текот на резервацијата не можам да ги одберам годините на детето/децата. Зошто?

Доколку не можете да ги одберете годините на вашето дете/деца, тоа значи дека туристичката агенција која е организатор на патувањето, нема дефинирано попусти за деца од таа возраст. Во тој случај, вашето дете/деца вклучете го во вкупниот број на возрасни лица.