На 20-тина километри од Македонски Брод, по пат кој тече во тандем заедно со игривите бранови на убавата Треска, пловејќи низ колоритни и импресивни пејзажи, се стигнува до селото Долни Манастирец кое тихува спрострено на ридските падини и низините во срцето на импозантното Поречие.
04
мај
Каде и да згазнете, што и да допрете, од каде и да поминете на ридестото извишување именувано по остатоците од тврдините за кои се верува дека се од времето на владеењето на кралот Марко на овие простори, но и од постари времиња, вие доаѓате во допир со жива историја, живи арехолошки сведоштва, жива древност. И кога го велиме ова, не го правиме тоа со некаква претерана помпезност во описите. Таа е фактичката вистина.
04
мај
Географски лоциран на околу 35 километри во северо-западен правец од Прилеп, удобно скрасен во планинската прегратка на последниот крак од Даутица, извишен над селото Зрзе, манастирот „Свето Преображение“, попознат и како манастирот Зрзе, тихува и ја слави убавината на духовниот спокој.
04
мај
Непосредно после излезот од градот Битола, во правец на нашата јужна граница, во избистрениот воздух кој струи надолу од раскошните падини на Баба Планина, векува античкиот град Хераклеа Линкестис. Цивилизациска, културолошка, археолошка и архитектонска гордост од чии темели и остатоци, одново и одново, без престан, се ткае античката приказна за човековиот социјален стремеж.
04
мај
„Да се маскираш, добро да се маскираш, за да не те познае злото и да те одмине. А потоа, да ја изгориш маската која те заштитила од злото, за со неа да изгори и самото зло, па да остане само доброто“ – ова благородно и со надеж исполнето толкувања често може да се чуе по вевчанските улици за време на карневалските денови, некаде под раскошните падини на величествено извишената Јабланица.
04
мај