Туристичка агенција Вардар Експрес

Туристичка лиценца - А

Основана во 1990

За агенцијата

Вардар Експрес е основана во 1990 г. Од г-дин Ќамил Колашинац. Со многу вложен труд и посветеност на своите клиенти, во тоа време станал еден од најпочитуваните превозници и сопственици на туристичка агенција. Од 2000 г. Фирмата продолжува да се развива и напредува благодарение на двајцата синови г-дин Мунир Колашинац и г-дин Елвир Колашинац , кои учејќи од својот татко продолжуваат чесно и посветено да ја развиваат и управуваат истата. Денес Вардар Експрес е тур оператор како за рецептивен така и за емитивен туризам.


Групните патувања ни се специјалност, особено по Балканските земји. Ги раководиме сите аспекти на сервисирање на повеќе дестинациски серијали , инсентив групи , училишни групи – екскурзии , спортски настани и групи. Во изминатите години ниедна програма не ни представуваше потешкотија да ја реализираме, а опслужуваме групи од десет до стотици патници.


}Нашата понуда вклучува и изнајмување на автобуси за сите видови на тури – за мали и големи групи , за трансфер или за разглед. Нашиоt возен парк е целосно опремен и располага со модерни и удобни возила кои имаат капацитет на седшта од 7 – 57. Ние сме стручен и професионален тим кој нуди квалитетен сервис и услуга од самиот почеток до крајот на патувањето ставајќи посебен акцент на деталите. Патувајте со нас за незаборавни доживувања …

Работно време

Понеделник-Петок: 8:00 до 20:00

Сабота: 8:00 до 15:00

Контакт
Телефон:
02/3118-263
Факс:
02/3238-303
Адреса

Ново Маало 343 бр. 13